СПОРТСКА ШКОЛА

✧✧

Универзална Спортска Школа "Младост"- за деца од 4 до 8 години

 

Современиот начин на живот , недоволната физичка активност , нездравата исхрана , загаденоста на животната средина , прекумерното седење пред ТВ и компјутер во голема мера го загрозуваат здравјето на децата .

Нашата цел е да им помогнеме да се формираат како здрави личности и на тој начин полесно да се интегрираат во општеството.

Физичката активност и физичките вежби за деца од 4 до 8 години се најважни за правилен раст и развој. Се докажа дека тренингот го поттикнува емотивниот , социалниот и интелектуалниот развој на децата .Недостатокот на игри и моќноста да учествуваат во различни моторни активности можат да до забават физичкиот и менталниот развој на децата . Со цел да се придонесе за решавање на овој проблем отворена е оваа спортска школа за сите деца без оглед на нивните способности .

 

Програма за работа ...

 

  • вежби за флексибилност
  • вежби за рамнотежа
  • вежби за сила
  • вежби за обликување на телото
  • вежби со реквизити
  • полигони , штафетни игри
  • игри со топка
  • тимски игри (кошарка , ракомет , одбојка , фудбал)
  • тенис
  • гимнастика
  • активности во природа

 

Со многубројните спортски и разновидни , забавни и
интересни вежби кај деацата ќе се :

 

  • подобри здравјето
  • подигне нивото на моторни вежби
  • зајакне и надгради кардиоваскуларниот и респираторниот капацитет
  • отстрани емоционалната напност кај децата
  • подобри држењето на телото
  • зајакне чуството на припадност на група
  • едуцираат за различни спортски дисциплини

 

Термини ...

 

Сала : О.У "Стив Наумов"

Прва група : вторник - 17:30 , четврток - 17:00 и петок 17:30
Втора група : вторник - 18:30 , четврток 18:00 и петок - 18:30

 

Контакт :

Александар Милевски

Телефон : 077/805-713

E-mail : aleksandar.milevski@yahoo.com

 

MLADOST

© 2006-2016 KK MLADOST - BITOLA , MACEDONIA