ПРОГРАМА НА КЛУБОТ

✧✧

Програмата за работа е прилагодена спрема возраста и кошаркарските способности на секое дете. Целта е да се совладаат основите на кошаркарската техника, дел од кошаркарската тактика и сето тоа да се примени во игра. Секое дете тренира 3 пати неделно, додека за оние поталентираните се овозможуваат дополнителни тренинзи и дополнителни услови за работа. Секој наш член своите знаења има можност да ги прикаже низ натпреварите на Градска Мини-Баскет лигата и низ натпреварите на државните првенства во Македонија и други држави.

Програмата е изработена од експерти во војата област и прилагодена на возраста и потребите на децата.

 

Со децата од 4 до 8 годишна возраст се работи посебно, со помали топки и на помали кошеви адаптирани и адекватни за нивната висина и способност. ПОВЕЌЕ >>

 

Основен облик на работа е едночасовен тренинг во сала – 3 пати неделно, пријателски натпревари и организирани официјални натпревари во склоп на Градска лигата.

 

Кој може да биде член на „МЛАДОСТ„?

 

Принципот на работа во МЛАДОСТ е дека ниту една млада особа која сака да се занимава со спорт не смее да биде елиминирана. Простор и место има буквално за сите деца од 4 до 16+ годишна возраст. И за оние кои пред се сакаат само да се занимаваат со некоја активност и да се дружат, како и за оние кои во спортот наоѓаат рекреативни и естетски цели, но и за сите талентирани деца и за оние со високо натпреварувачки цели.

 

Физичка подготовка – на трева

Покрај регуларната програма на кошаркарските терени, за време на латниот период во утринските и вечерните часови кошаркарите имаат и тренинзи за физичка подготовка со надвор од салата - на трева во паркот. Целта на овие тренинзи е подобрување на општите и специфичните физички способности кај секој играч, а сите вежби ги работат во парови или индивидуално.

 

Програмата на трева вклучува вежби за:

     Подобрување на еластичноста/флексибилноста

     Подобрување на брзината и брзината на реакција

     Подобрување на експлозивната сила на ножната и рачната мускулатура со користење на        плиометриско-миометриска метода (скокови во далечина, височина, косо-напред, косо-назад…)

     Подобрување на силовите способности на рачно-раменската, стомачната, грбната мускулатура, како и на ножната

     Подобрување на општата-аеродбна издржливост

 

 

 

Сепак главната цел на овој СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ПРОГРАМ е за краток временски интервал, да им обезбеди на сите учесници врвно усовршување и унапредување на одредени елементи во играта, подобрување на физичките способности, да научат брзо и точно да донесуваат одлуки на теренот, да станат покреативни во играта, ментално силни и секако создавање на добри шутери.

MLADOST

© 2006-2016 KK MLADOST - BITOLA , MACEDONIA